Новости

Проверка на исправноста на електричната инсталација

Најчеста причина за појава на пожари се електричните инсталации, пред сѐ поради нивната широка распространетост и неисправностите заради дотраеност и оштетување, неправилната употреба на електроуредите и апаратите. Електричната енергија може да предизвика пожар на неколку начини: - краток спој, - искрење и електричен лак и - презагревање на електротермички уреди. Дел од електричната енергија се трансформира во топлинска енергија. Таа трансформација на електричната енергија во топлинска секогаш мора да се држи под контрола најмногу поради можноста од појава на пожар. При вакви несакани загревања, најчеста причина за појава на пожар е краткиот спој, кој се јавува во случај кога ќе се допрат два спроводници под напон. Краткиот спој се јавува како резултат на: - механички оштетувања - дотраена инсталација - систематско преоптоварување - присуство на влага

Eнергетски контроли

Министерството за транспорт и врски продолжува со проектот за субвенционирање за изградба на објекти за индивидуално домување преку изработка на основен проект и донирање на инвеститорот. Преку оваа мерка овозможуваме субвенционирање до 2000 евра преку обезбедување на бесплатен проект за изградба на куќи. Покрај намалување на трошоците за градење, со оваа мерка ќе се намалат и роковите за добивање на одобрение за градење. Во продолжение се прикажани бесплатните проекти од: 1. Типска куќа - 50 м2 2. Типска куќа - 60 м2 3. Типска куќа - 70 м2 4. Типска куќа - 80 м2 5. Типска куќа - 90 м2 6. Типска куќа - 100 м2 7. Типска куќа - 110 м2 8. Типска куќа - 120 м2 9. Типска куќа - 130 м2 10. Типска куќа - 150 м2 11. Типска куќа - 180 м2 12. Типска куќа - 200 м2