Проверка на исправноста на електричната инсталација

Најчеста причина за појава на пожари се електричните инсталации, пред сѐ поради нивната широка распространетост и неисправностите заради дотраеност и оштетување, неправилната употреба на електроуредите и апаратите.

Електричната енергија може да предизвика пожар на неколку начини:
– краток спој,
– искрење и електричен лак и
– презагревање на електротермички уреди.

Дел од електричната енергија се трансформира во топлинска енергија.
Таа трансформација на електричната енергија во топлинска секогаш мора да се држи под контрола најмногу поради можноста од појава на пожар. При вакви несакани загревања, најчеста причина за појава на пожар е краткиот спој, кој се јавува во случај кога ќе се допрат два спроводници под напон.

Краткиот спој се јавува како резултат на:

– механички оштетувања
– дотраена инсталација
– систематско преоптоварување
– присуство на влага


Posted

in

by

Tags:

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *